(ФОТО) ВИДНО ИСТОШТЕН – Бен Афлек на меден месец „ги одмора очите“ – фотографиите се хит

Бен Афлек очигледно поминал низ мачен процес кога била во прашање неговата неодамнешна венчавка со Џенифер Лопез. Имено, ѕвездата на филмот „Gone Girl“ е фатена како видно уморен спие на ниту малку удобно столче или положба.
Неодамна венчаните Афлек (49) и Џенифер Лопез (52) не се срамат јавно да покажат наклонетост еден кон друг. Тие моментално се во Париз каде уживаат во медениот месец заедно со децата на Афлек, Серафин, Вајолет и Макс и Ема на Џенифер.


Двојката деновиве ужива во пробувањето на рестораните во француската престолнина, а неодамна беа фотографирани на крстарење по реката Сена. Нивната венчавка во Лас Вегас очигледно го исцрпи Бен Афлек, кој одвоил малку време за да дремне, а непријатната положба, столот, па дури и сонцето не му пречеле премногу.
Познатиот пар се запозна во 2001. година на снимањето на филмот „Гигли“. Следната година се свршија и откако извесно време ја одложуваа венчавката, се разделија во 2004. година. После тоа, Афлек беше во брак со познатата актерка Џенифер Гарнер со која има три деца, а Џенифер беше во брак со Марк Ентони со кој има близнаци. Џенифер и Афлек повторно почнаа да се забавуваат во 2021. година во Лос Анџелес и набргу потоа ја најавија својата венчавка.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …