Објавен првиот број на списанието „Современост“ за 2023 година

Излезе од печат најновиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година. Во првиот број се вклучени 21 статиja на 114 страници: два прилога проза, шест прилози поезија, три приопштувања, пет прилози од рубриката интерпретации, четири рецензии и афоризми.

Бројот е отворен со расказот „Јамата“ од Стефан Марковскии „Пригушени осцилации“ од Станка Бајлозова Барламова. Потоа следи избор поезија од: Васил Дрвошанов, Мирјана Тренчева, Иван Стојановски, Марина Икономова Шокева, Никола Алтиев и Софија Добреска.


This image has an empty alt attribute; its file name is sovremenost.png
Преведен и извадок од романсиерското творештво на славниот автор на готскиот хорор роман „Дракула“ Брам Стокер, како и од поезијата на современиот перуански поет Емилио Мартин Паз Панана и современата кинеска енциклопедистичка поетеса Јин Џиојуан се сместени во рубриката Приопштувања. Васил Тоциновски и младите македонистки Верица Мукоска, Симона Анакијевска, Моника Колева и, библиотекарката Елена Станкоска се застапени со статии во рубриката Интерпретации.
Во рубриката Вреднувања се застапени рецензии од: Славчо Ковилоски, Никола Алтиев, Јованка Денкова и Андреј Медиќ Лазаревски.
Крајот е отстапен за прилог составен од 165 афоризми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски.
Илустрациите во првиот број на „Современост“за 2023 год. се дело на младиот ликовен уметник Калин Маловски, и истиот е достапен во книжарите на Литература.мк и Антолог – Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …