(ВИДЕО+ФОТО) Погледнете ги фармерите како се залетуваат со своите камионети во насипот за да ја спречат поплавата

Во ИТНИТЕ ситуации, многумина се подготвени за незамисливи потези, особено кога ќе се најдат во голема опасност.
Животот на еден фармер дефинитивно не е лесен. Во голема мера зависи од мајката природа, која во последно време е изненадувачка. Тоа го направила и во Калифорнија каде, меѓу другото, езерото Туларе ја поплавило долината Сан Хоакин. Сè се случило наеднаш, а луѓето на различни начини се обидувале да го пронајдат својот пат за да го запрат водениот порој предизвикан од наглото топење на снегот.


Меѓу нив особено се покажале фармерите кои презеле драстични мерки за да се запре навлегувањето на водата и да се спасат нивните овошни насади. Тие решиле да ги наполнат своите пикап камиони со земја и да ги втурнат во поројот за да го намалат протокот и да го запрат со последователни операции.

На видеото се гледа како Ford F-150 веќе делумно го затворил преминот, а потоа на истото место пристигнал и Chevrolet Silverado. Возачот и веројатно сопственикот го жртвувале своето возило за да го затворат отворот во насипот. Преостанатиот дел од отворот го затвориле полнејќи го со земја.
На крајот фармерите успеале да го санираат насипот и дополнително да го зајакнат. Овоштарникот е во кал, но не целосно поплавен. Откако водата ќе се повлече, ќе ги откопаат камионите. Кој знае, можеби ќе успеат да ги оспособат.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …