Нуспојави кои покажуваат дека вакцината делува

Милиони луѓе кои примиле вакцина против „Ковид-19“ доживеале несакани ефекти и тоа е добар показател дека имунитетниот систем се подготвува да реагира во случај на инфекција, но доколку таквите знаци изостанат, нема причина да се грижите, велат експертите.

Отсуството на реакција не значи дека лицето е незаштитено, затоа нема причина да се грижите, изјавија тројца експерти, Пол Офит, директор на Центарот за вакцини во Детската болница во Филаделфија, д-р Глен Рол, имунолог од Fox Chase Cancer Center, исто така од Филаделфија и д-р Сара Колс од Медицинскиот колеџ на Универзитетот во Аризона.
„Вакцината делува дури и ако немате несакани ефекти“, рекла д-р Колс, нагласувајќи „многумина имаат несакани ефекти, а многумина немаат“.
Отсуството на главоболка или треска не е причина за загриженост, вели Пол Офит и објаснува:
„Сигурно е дека не мора да имате несакани ефекти за да знаете дека сте заштитени.
Со други зборови, и двете појави, стекнување на имунитет и несакани ефекти, се резултат на низа предупредувања во имуниолошкиот систем по вакцината.
Но, само затоа што првичното воспаление успешно го стимулирало производството на антитела и други видови на одбрана од болести, не значи дека нужно мора да предизвика повишена температура.


Нема строга корелација меѓу нив“, вели д-р Колс, претседател на Комисијата за јавно здравје и наука на Американската академија за семејни лекари.
И многу други современи вакцини предизвикуваат малку несакани ефекти, ако воопшто ги предизвикаат, а сепак добро делуваат, вели Рал, коавтор на „Принципите на вирусологија“.
„Нормално, ние не гледаме вредни несакани ефекти по вакцинирањето“, рекол тој.
Дали луѓето ќе имаат несакани ефекти зависи од други фактори, а не само од нивниот имунолошки систем, а тоа се замор, стрес и начинот на кој ја доживуваат болката, објаснува Колс.
Процентот на различни реакции варира од вакцина до вакцина, а кај вакцините со две дози, несаканите ефекти се почести по втората доза.


При употреба на вакцината Pfizer/Biontek, во клиничките испитувања, 3,7 проценти од учесниците на возраст од 18. до 55. години имале треска по првата доза а 15,8 проценти по втората. Половина имале главоболки по втората доза, но тие беа главно слаби. Сите овие ефекти се минливи и траат еден или два дена.
Во ретки случаи, потешка алергиска реакција наречена анафилаксија се јавува за неколку минути по вакцинирањето, а лекарите се секогаш подготвени да интервенираат со EpiPen (уред за автоматско инјектирање адреналин) или слично што содржи епинефрин.
Конечно, Офит, Рал и Колс зборуваат за системски несакани ефекти а не за „локални“ ефекти како што се болка во рамото инјектирана со вакцина или црвенило на местото на инјектирање, бидејќи овие феномени се чести, но занемарливи во споредба со она што би можело да се случи доколку се разболите од ковид-19.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …