НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово: Одбележување на 2. Април Светскиот ден на литературата за деца

На ден 06.04.2022 година (среда) со почеток во 13.30 часот во фоајето на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” -Куманово ќе биде одбележан 2 Април Светскиот ден на литературата за деца, со настан насловен како „Разговори со Горјан Петревски”. Присутните ќе имаат можност преку разговор со авторот да се запознаат со неговото творештво и воопшто да се истакне важноста и потребата од литература за деца.
Литературата за деца е предизвик за секој автор бидејќи понатака таа овозможува формирање на еден сериозен „читател”, кој ќе ги изразува своите ставови, мислења па дури и самиот ќе твори. Потребата да се оформи идниот читател, да се развие креативноста и имагинацијата, да се негуваат и пренесуваат вредностите е од особено значење. Интерактивниот дијалог помеѓу авторот и присутните, писмата, белешките кои авторот ги поседува и кои се дел од неговите книги ќе бидат достапни на присутните се цел да се истакне процесот на творење.

This image has an empty alt attribute; its file name is kumanovo-plakat.jpg
Горјан Перевски е автор чии книги се вистинско непроценливо богатство.
На настанот се предвидуваат различни активности (читање, цртање и раскажување) во зависност од настанатат состојба и желба на присутните.
Проектот е подржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …