(ВИДЕО+ФОТО) Пејачката Теа Трајковска буквално „гори“ во новата крими-приказна!

Црн џип, замаглени стакла, киднапирано момче во багажник, трака на уста и врзани раце се дел од крими-приказната на познатата пејачка Теа Трајковска.
За среќа ова се само кадри од видеоспотот за новата песна со наслов „ГОРИ“.

This image has an empty alt attribute; its file name is tea-trajkovska-1.jpg
Ова е нејзиното најново музичко остварување, а како за претходните песни, така и за ова, таа се потпишува како автор на текстот, додека пак музиката и аранжманот се дело на нејзиниот долгогодишен соработник, познатиот продуцент Лазар Цветкоски.


This image has an empty alt attribute; its file name is tea-trajkovska-3.jpg
Теа за првпат соработуваше со младиот и талентиран режисер Горан Симјаноски, а покрај Трајковска, улоги во спотот имаат и Роберта Цветковска (соучесник на Теа) и Филип Самарџиев (жртва).
– „Гори“ е еден од моите најдраги проекти и песна во која многу верувам и ја сакам уште од денот кога имаше само една строфа, а рефренот го направивме цела година подоцна. Мислам дека со спотот одлично го доловивме „вајбот“ и енергијата на песната, а најзадоволна сум затоа што успеавме да направиме стилска промена со Лазе и покрај седум години работење заедно и многу песни позади нас – вели Теа.

This image has an empty alt attribute; its file name is tea-trajkovska-2.jpg
Нормално, Теа не запира тука. Таа веќе работи на следниот музички проект, а ако се земе во предвид нејзината музичка историја, факт е дека таа е една од највредните артисти на нашата естрада.
Слушнете, уживајте и споделете ако ви се допаѓа:


Фото: Привантна архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …