Нов свет на паметни телефони: Запознајте ја серијата S24 која ги поместува границите

Зимските празници донекаде нé навикна на одмор и удобност во домот, но компанијата Samsung реши да ни донесе вистинска возбуда и револуционерни промени со нова серија мобилни телефони. Зимскиот период е одлично време да се направи чекор напред, да се презентираат новитети и да се организираат спектакуларни настани, но и одлична можност за освежување на големата смартфон сцена.


На 17 јануари оваа година во Сан Хозе беше претставена новата серија Galaxy S24. Станува збор за Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra, кои веќе привлекоа големо внимание и ентузијазам и радозналост кај верните корисници на Samsung, иако тие веќе се навикнати на живописна осветленост, иновативна камера и брзина на процесорот. Што е ново што Samsung го преставува овој пат?  Најголемото освежување кај најновата серија Galaxy S24 e Galaxy AI* со која Samsung ја усоврши својата вештачка интелигенција за да ви овозможи персонализирано и интелигентно искуство со користење на вашиот телефон, вклопувајќи ја во секој аспект на уредот, од камерата до батеријата, за да ги олесни секојдневните задачи и да ви овозможи да го извлечете максимумот од вашиот телефон. 

Уривање на границите: Комуникација без ограничувања


Galaxy AI, вештачката интелигенција има за цел да го подобри секој аспект од животот, особено најфундаменталната улога на телефонот: комуникацијата. Функцијата Превод во живо (Live Translate) им пркоси на јазичните бариери и ја олеснува секојдневната комуникација на начин што не можевме досега ни да го замислиме, а тоа го прави со користење на двонасочни гласовни и текстуални преводи на телефонски повици за да се преведат два јазика во реално време во рамките на апликацијата.


Покрај преводот, тука е и опцијата Помош за разговор (Chat Assist), која овозможува нашата кореспонденција да го има тонот кој го посакуваме, при што тој може да биде пријателски тон на деловната комуникација или креативна фраза за натпис на социјалните мрежи. Веќе не треба да губиме време во откривање на најадекватниот начин да кажеме нешто, нашиот паметен телефон ќе го направи тоа наместо нас, а ние ќе можеме да се фокусираме на суштината на пораката што сакаме да ја испратиме.

 Нов стандард за пребарување

Embed video: https://www.youtube.com/watch?v=JGieL587JQg

Корисниците на уредите Galaxy сега ќе го искусат онлајн пребарувањето на сосема нов начин, сето тоа со помош на најголемиот светски лидер за пребарување –  Google, и едноставното пребарување со гестикулација. Ако видите убава слика од познато место во позадина на објавата на социјалните мрежи,  или изненадувачки забавен факт на некое од кратките видеа (shorts) на YouTube, многу лесно со функцијата Заокружи за пребарување  (Circle to Search) можете брзо да дознаете повеќе – без да мора да ја напуштите апликацијата во која сте моментално . Исто така, за одредени пребарувања, ќе можете да видите генеративни прегледи напојуван со вештачка интелигенција кои обезбедуваат корисни информации и содржини собрани од целиот веб. Оваа функција работи многу едноставно, со долго притискање на копчето за почеток можете да заокружите, означите, пречкртате или допрете што било на екранот на Galaxy S24 за да видите корисни, висококвалитетни резултати од пребарувањето.

Максимално издигнување на креативната слобода

Уредите Galaxy S24 имаат сеопфатен пакет на алатки ProVisual Engine, кои ги трансформираат можностите за сликање и снимање и даваат максимална креативна слобода. Кажете збогум на недоволно јасните слики направени од далеку. Quad Tele системот на Galaxy S24 Ultra со нов објектив со оптички зум од 5x работи со сензорот од 50 MP за да обезбеди перформанси на оптички квалитет на нивоа на зумирање од 2x, 3x, 5x до 10x благодарение на приспособливиот сензор за пиксели. Сликите исто така покажуваат кристално јасни резултати при 100x зголемување со подобрен дигитален зум.

Откако ќе се направат одличните снимки, алатките за уредување на Galaxy AI овозможуваат едноставни промени како што се бришење, создавање нова композиција и преработка на фотографии. За полесна и поефикасна оптимизација, функцијата која предлага едитирања (Edit Suggestion) користи Galaxy AI за да предложи совршено соодветни поставки за секоја фотографија. За да им даде на корисниците уште поголема креативна контрола и слобода, функцијата за генеративно едитирање (Generative Edit) може да пополни делови од позадината на сликата со генеративна вештачка интелигенција. Кога сликата е искривена, вештачката интелигенција ќе ги пополни рабовите. Кога некое лице или предмет треба малку да се поместат за да бидат во совршена положба, Galaxy AI ќе им овозможи на корисниците да ја прилагодат положбата на субјектот и да генерираат совршено измешана позадина на неговото првобитно место.

Паметниот телефон Galaxy S24 Ultra е достапен во четири исклучителни бои – титаниум црна, титаниум сива, титаниум виолетова и титаниум жолта. Моделите Galaxy S24+ и Galaxy S24 се достапни во црна оникс, мермерно сива, кобалт виолетова и жолта килибарна боја, овозможувајќи им на корисниците секогаш да бидат во тренд.

 Специјална промотивна понуда

Серијата Galaxy S24 е достапна и во посебен период за преднарачка, каде што со купување на еден од уредите добивате модел со двојно поголем мемориски простор за цената на основната варијанта, со што може да се постигне значителна заштеда. Периодот за преднарачка трае од до 24 јануари или додека има залихи, а сите информации можете да ги најдете тука.

*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

Повеќе за новите модели од серијата Galaxy S24 прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …