Богата филмска програма во јануари во Кинотека на Македонија

Програмата за првиот месец од годината кинотека како по обичај ја фокусира на најмладата генерација. Тоа не значи дека ќе бидат игнорирани повозрасните љубители на филмот. Кинотеката го има тоа како обврска и се реши за филмови од различни кинематографии, различни содржини, перцепции.

Прв стартува ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ. Актуелниот филм на Горан Столевски, нашинец со адреса на живеење во Австралија, се закитува со позитивни рецензии и со присутност на филмските фестивали. ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ ќе може да се гледа неколку пати во текот на месецот. Гледачите ќе имаат можност да видат и една копродукција, македонско-грчко-германска, насловена ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО. Уште една копродукција е на репертоарот, овој пат станува збор за француско-италијанскиот филм СЕНКАТА НА КАРАВАЏО. Тоа е, всушност, биографска сторија за прославениот сликар од пост ренесансниот период. Нема да изостане и промоцијата на првиот игран филм на француската режисерка Алис Диоп, СЕНТ ОМЕРТ. Месечнава програма се заокружува со проекцијата на новиот игран филм на Вардан Тозија, пост-апокалиптичниот М.


Има што да се види, има што да се раскажува, има што да се запомни, велат во објавата од Кинотека,

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ ЈАС“ во чест на Пикасо од Македонскиот керамичар Филип Фидановски ќе биде поставена во Хрватска

Керамика мултиплекс 2024, КЕРАМЕИКОН -ДРУШТВОТО НА КЕРАМИЧАРИ НА ХРВАТСКА Ви ја претставува изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ …