Христијан Бузалковски испиша историја за македонскиот мотоспорт, освои бронзен медал на европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Изминатиов викенд во Верона, Италија се одржа Prize Giving Ceremony, односно се доделуваа награди за престижниот европски шампионат во брзински моторциклизам. Најуспешните го добија своето признание, меѓу нив беше и македонецот Христијан Бузалковски, кој одново докажа дека со многу труд, истрајност и напорна работа успехот е гарантиран.

Македонија за прв пат имаше свој претставник. Христијан Бузалковски заедно со неговиот тим, испишаа историја за македонскиот мотоспорт и на овој шампионат го освои бронзениот медал.


-„Огромна чест и задоволство е да се натпреваруваш на ваков шампионат, а уште поголема е кога ќе освоиш медал од истиот! Истовремено сум многу среќен и горд што заедно со мојот тим успеавме да испишеме историја во Македонскиот мотоспорт и што вложениот труд испливува на површина. Овој бронзен медал нас е силна мотивација за идните планови и цели.“, вели Христијан Бузалковски.

Со Prize Giving Ceremony се заокружи 2023-та година, односно доделените награди се за цела претходна сезона, која за Христијан беше подеднакво напорна и плодна.


Христијан за овие десет години активно натпреварување, ја претставува Македонија во најдобро светло во овој спорт, и покрај сите предизвици гордо го носи епитетот „трикатен БМУ шампион“.

Македонија го доби својот прв награден мотоциклист на европски шампионат, а голема е веројатноста дека во иднина ќе го има и првиот европски или светски шампион.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …