Нов сингл и спот на групата My Tear

Скопскиот состав My Tear го објави својот најнов видео-запис за песната “На старите станици”, во режија на Милан Блажевски.

Спотот е снимен во Студио 1060 од страна на Милан Блажевски и Јосип Здравковски, екипата позната по видео записите на 21 век.


“На старите станици” е прв сингл од новиот албум на My Tear којшто треба да излезе до крајот на годинава. Дел од албумот ќе можете да го слушнете на овогодинешниот Здраво Млади фестивал на 23 септември во Младинскиот Културен Центар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …