ЗАВРШИ КУЛТУРНО ЛЕТО КАРПОШ

Во еуфорично забавна и разиграна атмосфера, заврши овогодинешното Карпошово културно лето. За последната вечер од оваа традиционална манифестација, се погрижија младите музички таленти со извонредни гласовни способности, кои беа дел од регионалното музичко шоу ,,Ѕвездите на Гранд”. Музичката ѕвезда во подем, струмичанката Славица Анѓелова, која победи на последното издание на ,,Ѕвездите на Гранд”, со својот милозвучен глас ги “размрда” карпошани на добор познатите екс ју нумери, како и народни македонски хитови.

Одличниот настап на Анѓелова, го продолжи и музичкиот талент Александар Јосифовски од Охрид, кој исто така беше дел од минатогодишното музичко шоу, и остави белег на македонската музичка сцена. Карпошани имаа можност да ги слушнат и видат своите идоли и да се забавуваат на плоштадот ,,Делфина”, како за крај на овогодинешната манифестација. По нашите музички имиња, свои настапи во живо имаа и српските ѕвезди, поп рок пејачката Ивана Петерс, која својата кариера ја започнува како член на групата ,,Тап 011”, за потоа да продолжи како главен вокал на рок групата ,,Негатив”, која е и текстописец на многубројни хитови. Ѓорѓе Давид, исклучително талентираниот рок пејач и актер, а кој доаѓа од соседна Република Србија, буквално ја “подигна” сцената и ја раздвижи присутната публика на завршната вечер од Културно лето Карпош 2023 година. Освен неговите специфични настапи и талент за пеење, како сегашен фронтмен на групата ,, Death saw”, тој бил член и во групата ,,Генерација 5”, ,,Ганг”, и ,,Fuzzbox” , а денес е и член во жирито на музичкото шоу ,,Ѕвездите на Гранд”.


Овогодинешното Карпошово културно лето, кое е во организација на локалната самоуправа, имаше програма за сечиј вкус. Изминатите денови, беа исполенти со перформанси за децата, младите и повозрасните, што е доказ дека карпошани знаат да се забавуваат и вистински да го почитуваат благодетот кој Општината знае да го пружа на вистински начин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …