Додека се забавувале на забавата, немале поим што откриле медиумите за нив
Додека нивната врска сè уште не била официјална, Хари и Меган биле уште еден вљубен пар кој сакал добро да се забавува на забавата за Ноќта на вештерките.
Таа вечер планирале да уживаат во нивната врска, како и во доброто друштво, придружувани од принцезата Јуџин и Џек Бруксбанк, но работите добиле неочекуван пресврт.
Еден телефонски повик променил сè.
Додека во 2016 година ја чувале својата љубов далеку од очите на јавноста, која штотуку почнувала, а врската ја одржувале на релација Лондон-Торонто, каде Меган ја снимаше серијата „Suits“, сепак решиле малку да се забавуваат и да излезат на забава, а познатиот пар како да имал скриена агенда и тоа како. Парот се маскирал со венецијански маски, а мислеле дека така невознемирено ќе се забавуваат меѓу останатите гости, кои нема да го забележат присуството на принцот и актерката.
Во неавторизираната биографија „Наоѓајќи ја слободата“, на авторите Омид Скоби и Керолин Дуран наведуваат дека парот фантастично се забавувал на забавата таа вечер и дека, како што наведуваат авторите, ова е нивниот омилен празник, а во тоа време веќе околу четири месеци биле во врска, и веќе лудо вљубени еден во друг.
Таа вечер, на 29. октомври, парот планирал да оди на тематска маскенбал забава, која била организирана во Сохо Хаус во Торонто.
Додека уживале во коктелите таа вечер, Хари добил изненадувачки повик од еден од неговите помошници во палатата Кенсингтон. Веста не била добра.
Колку и да се обидувале извесно време да ја сокријат врската, медиумите дознале дека сега венчаната двојка е во врска, а ударната вест планирале да ја објават следното утро.
Оттогаш немало повеќе простор за криење, љубовта процветала, под будното око на јавноста, а Хари и Меган се во брак четири години и имаат две деца, Арчи и Лилибет.
Неодамна, Меган, гостувајќи во шоуто на Елен Деџенерис, се присетила на оваа вечер како „последен слободен забавен излет за нив двајца“.
Фото: Instagram