(ФОТО) Сајмон Кауел признал дека неговиот син го спасил од депресија: „Бев опседнат со победите“

Сајмон Кауел бил на работ на депресија…
Сајмон Кауел е долгогодишен член на жирито на натпреварот „Јас имам талент“, поради што е препознаен од публиката ширум светот.
Неодамна открил дека големата посветеност на работата го навела да падне во депресија, а во тоа му помогнал синот.
– Стигнав до точка да престанав да уживам во тоа што го правам и цело време бев мизерен. Бев опседнат да ја победам конкуренцијата. Се доведов до точка каде што бев во депресија – изјавил Сајмон за The Sun.

This image has an empty alt attribute; its file name is sajmon-kauel.jpg
Сепак, неговиот син е секогаш му бил светла точка и му помогнал да се сврти кон подобра состојба на живот. Сега гледајќи наназад на брзиот начин на живот, кој вклучувал да остане буден ноќе и да размислува за нови идеи за да ги подигне неговите емисии на следното ниво, Кауел признава дека не бил на вистинскиот пат.
– Пред Ерик, мојот живот беше 99% работа – бев опседнат со тоа – изјавила ТВ ѕвездата за The Sun.
Сајмон го доби синот Ерик (8) со својата долгогодишна партнерка Лорен Силверман на Денот на вљубените во 2014. година. Во јануари 2022. година, парот потврди дека се свршиле и дека следниот чекор е долгоочекуваниот брак.


Фото: Принтскрин/YouTube/AGT

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …