НЕОЧЕКУВАН ГЕСТ – Љубовта е присутна и во најтешките времиња: Војник запросил девојка среде војната во Украина

Министерството за одбрана на Украина на својот официјален Твитер профил објави фотографија од војник како ја запросува својата девојка, која исто така е припадничка на армијата.
Како што информираат од ова министерство, припадниците на 121. Територијална одбранбена бригада на Украина, Јевхен и Лиза, се свршиле среде шума каде извршуваат должности за одбрана на државата.
„Јевхен и Лиза, членови на 121-та бригада за територијална одбрана. Дури и во најголемата војна на 21-от век, има место и време за љубов. Украина е љубов“, се вели во објавата.


Со оваа свршувачка двојката од Украина покажа дека љубовта е можна и во најтешките времиња, како што е војната. Веста за запросувањето среде агресијата во Украина ги воодушеви луѓето на социјалните мрежи. Многумина испратија коментари на поддршка и љубов и се надеваат на скорешен крај на војната.
Потсетуваме, Русија на 24 февруари започна целосна офанзива, т.н „специјална воена операција за ослободување на Донбас“. Наместо војната во Донбас, војната се прошири на територијата на Украина и трае до денес.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …