Џулија Робертс била шокирана кога открила дека не е „Робертс“ откако открила семеен скандал во архивите.
Актерката учествувала во „Ancestory’s Finding Your Roots“ за да открие повеќе за нејзиното семејно стебло преку архивите на ДНК и генеалошката работа со помош на истражувачот Хенри Луис Гејтс.
Џулија не можела да поверува кога и рекле дека нејзиното презиме е всушност сосема поинакво, поради нејзината прабаба Рода Сатл Робертс која имала афера со оженет маж по смртта на нејзиниот сопруг Вилис Робертс.
„Во истражувањето на архивите на округот Џорџија, откривме дека некаде во 1850-тите, Рода се омажила за човек по име Вилис Робертс. Џулија го носи презимето на Вилис, но тој починал во 1864 година, повеќе од една деценија пред Рода да го роди прадедото на Џулија, Џон. што доведе до неизбежен заклучок“, рекол тој.
Таа додава дека кога ќе ги погледнете архивите, Вилис не е наведен на пописот од 1880 година, туку нејзиниот прадедо Џон Пендлтон Робертс.
Тој и дал време на Џулија да открие дека Вилис недостасува на списокот, што го поттикнало да и каже: „Вилис Робертс не може да биде твој прадедо. Тој беше мртов“.
Шокираната Џулија рекла: „Јас не сум Робертс?
Истражувачот продолжил да објасни како неговиот тим навлегувал длабоко во архивите, но не можел да најде никакви детали за идентитетот на прадедото на Џулија.
Тие потоа ја погледнале ДНК-та откако зеле примероци од актерката и нејзиниот братучед за да видат дали можат да најдат совпаѓање со тоа кој е таткото на нивниот прадедо.
Хенри објаснил: „Најдовме група гени кои ги поврзуваат Џулија и нејзината роднина со еден маж… Хенри Мекдоналд Мичел Џуниор“.
Откако го прочитала името, Џулија прашала: „Значи, ние сме Мичелс?“, а професорот потврдил дека таа е Џулија Мичел.
Фото: Принтскрин/YouTube