Националната опера и балет најавува: Премиерна изведба на „Игри на животот“ на 26.05.2021

Националната опера и балет со задоволство  ja најавува премиерната изведба на музичко – сценското дело „Игри на животот“ на 26.05.2021, 20.00 часот, салон на Национална опера и балет. Главната тема-идеја на проектот е Љубовта, прикажана низ делата на Хендел, Бах, Персел, Рамо. Споени во една приказна Кралицата Шиба, Кралицата самовила, Осман Паша… кои низ своите приказни ни покажуваат како војувале за љубов, се одмаздувале и љубеле безусловно, помирувајќи се со загуба на љубената и по цена на својот живот.

Идеја: Татијана Петрушевска – прва обоа во Национална опера и балет


Диригент: Иван Еминовиќ, Режисер: Љупка Јакимовска, Кореограф: Саша Евтимова

Сценограф: Марија Ветероска, Костимограф: Ангела Богевска, Визуелна мултимедија: Емил Пачковски и Дарко Даутовски, Светло дизајн: Милчо Александров, Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски


Солисти: Билјана Јосифов (сопран), Драган Ампов (баритон)


Оркестар: Климент Тодороски, Јане Бакевски – виолини, Марија Георгиева – виола

Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Марија Јакимовска – флејта / пиколо

Татијана Петрушевска, Ѓорѓи Петрушевски – обои, Марјан Милошевски – фагот, Теодор Теодосиевски – ударни инструменти

Балет:Eндру Кук, Бaлаж Лaшеи, Саша Евтимова

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …