Филмот „Ослободување на Скопје” ја освои наградата за најдобро сценарио за долгометражен игран филм.
Филмот на „Ослободување на Скопје” ја освои наградата за најдобро сценарио за долгометражен игран филм на неодамна завршениот „International Arpa Film Festival”, што се одржуваше во Egyptian Theatre Hollywood во Лос Анџелес.
Сценариото според истоимениот драмски текст го пишуваа авторот на текстот Душан Јовановиќ и режисерите Раде и Данило Шербеџија.
Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција, финансиски подржан од Агенцијата за филм на Македонија, Хрватскиот Аудиовизуелен Центар, Финскиот Филмски Фонд и Еуримаж.

Награда за најдобро сценарио за „Ослободување на Скопје“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.