(ВИДЕО+ФОТО) Обдукцијата потврдила: Брацо веќе лежел на улицата кога преку него минал Тони Цетински, но се анализират и’ камерите

Пејачот со предното лево тркало преминал преку надлактицата на Брацо и му предизвикал подливи, кои, наводно сами по себе не биле смртоносни. Пулското обвинителство со соопштение потсетило дека извештајот за несреќата е таен…
Ибрахим Кевлјанин (62) попознат како Брацо веќе лежел на Пуста улица во Ровињ кога на него со „Мерцедес“ налетал Тони Цетински, било утврдено, наводно, со истрагата и обдукцијата.
Неслжбениот наод на обдукцијата го објавил Јутарњи лист. Пејачот со левото предно тркало прешол преку надлактицата на Брацо и му предизвикал подливи кои, наводно, сами по себе не биле смртоносни.
Според неслужбени информации во понеделникот требало да бидат завршени некои токсиколошки вештачења и доставени на обвинителството.
После несреќата која предизвикала големо внимание на медиумите и јавноста, полицијата дури побарала и проверка дали во моментот на несреќата Цетински разговарал или евентуално пишувал СМС пораки односно сите релевантни податоци за активностите на неговиот мобилен кои на полицијата би можеле да и бидат од корист во истрагата. Биле проверени и сите податоци дали пет години наназад имало жалби на граѓаните на однесувањето на возачите во улицата во која се случила несреќата, а било „извадено“ и „сообраќајното досие“ на возачите.


Tony Cetinski autom naletio na muškarca koji je ležao na cesti!Više na bit.ly/2lLorW7Reporterka: Dijana Marić


Posted by 24sata on Freitag, 3. November 2017

„Мерцедесот“ со кој Тони Цетински го прегазил 62. годишниот бил уште во кругот на полицијата.
Ибрахим Кевлјанин на кого Цетински налетал бил погребан на 9. ноември на гробиштата во Ровињ.
Цетински ниту било кој од неговото семејство не дошол на погребот на починатиот Кевлјанин, познат по прекарот Брацо. За доаѓањето, вели, долго размислувал.
„Не можев да соберам сили. Не можам. Скршен сум. Воопшто не сум во Ровињ, ниту во Истра и не сум добар. Не сакам никому да му се случи она што ми се случи мене, па дури ниту на оние кои се обидуваат да направат грозни инсуинации“ рекол Тони за РТЛ.
Неговата адвокатка напоменала дека за деталите на самиот инцидент не смее да зборува бидејќи полициската истрага е тајна.
Но, се дознава дека во истрага од голема помош можат да бидат камерите за паркирање на автомобилот на Тони Цетински.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …