(ВИДЕО+ФОТО) Мистеријата на совршените округли камења на рускиот остров на Арктик

Далеку на смрзнатиот и напуштен дел на нашата планета се кријат бројни тајни. Само храбрите одлучуваат да одат таму и можеби затоа само најхрабрите откриваат и’ интересни работи.


На ладниот Арктик, на рускиот остров Чамп во архипелагот Земја на Фрањо Јосиф група истражувачи пронашле десетина мисериозни камења во облик на топка.
Овие совршено округли камења како топовско ѓуле, можат да се најдат по целиот остров, како да паднале од дрво. Како, поради топлината на сонцето и зголемување на температурата,се топат ледниците се укажуваат повеќе од тие таинствени сфери.
Тоа би било совршено место за истражување на камењата да не биле оддлечени неколку километри од најблиското населено место. Австрискиот геолог Сеп Фридхубер вели дека веројатно станува збор за цементација.


Тоа е долготраен процес при кој минералите се таложат околу заедничко јадро. Најчесто настануваат околу органски материјал, лист или школка, потоа седиментите едноставно се собираат околу тоа органско јадро.
Можат да настанат во разни облици, но често се неправилни топки па поради тоа и’ го добиле називот „топовски ѓулиња“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …