На денешен ден е роден актерот Јордан Витанов

Јордан Витанов е роден во Велес на 13 јануари 1958 година. Тој е македонски театарски и филмски глумец и режисер.

Живее и работи во Велес. Дипломирал на отсекот за глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1986 година. Од 1987 год. е член на Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ во Велес, каде во два мандата (1999-2002 и од 2006-2017) е и директор на истиот. Покрај во театарот, остварил улоги и во повеќе играни филмови и телевизиски серии.


Од многуте забележителни остварувања посебно треба да се истакнат улогите на Содо Арамијата во претставата ,,Крчма на патот за Европа“ од Жанина Мирчевска, во режија на Коле Ангеловски. За оваа улога Јордан Витанов ја добива наградата за најдобра машка улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Добитник е на награда за најдобра машка улога на Меѓународниот театарски фестивал ,,Боспорски Агони“ во Керч, Украина, за улогата на Филоктет во истоимената претстава, во режија на Мето Јовановски. Јордан Витанов е добитник и на Деветоноемвриска награда на градот Велес. Покрај на матичната сцена, остварува и повеќе ангажмани во други театарски куќи низ државата.


Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика да му го честита роденденот на Јордан Витанов.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …