На денешен ден беше роден нашиот актер, еден од легендите на македонската драмска сцена Ацо Јовановски

Ацо Јовановски е роден на 31 декември 1930 година во Скопје. Тој беше еден од најголемите македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Ацо Јовановски произлегува од првата генерација на дипломирани актери. Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави и филмови. Како глумец учествувал во различни жанрови како комедии, историски драми и филмови со современа тематика.

Детството, младоста, школувањето и комплетната работа ги поминал во Скопје. Татко му бил чиновник, а мајка му домаќинка. Неговото семејство се состоело од шест браќа и сестри. Со големо залагање на неговиот татко успеал да ги одгледа сите. Како дете бил палав. Во детските години тој заедно со своите другари се криеле од родителите и оделе на плажа на Вардар. Тој многу сакал да оди на претстави но тогаш настапила Втора светска војна.


По војната, во 1944/45 година се формирал македонскиот театар, којш бил многу посетуван од народот како и од Ацо, бидејќи се зборувало на македонски. За тоа Ацо вели: “Одевме со големо задоволство да гледаме претстави, конечно на својот мајчин јазик“. Тогаш за првпат ги сретнал Петре Прличко, Тодорче Николовски, Илија Милчин, Марија Бошкова и Илија Џувалековски.

Во 1948 година излегол конкурс за глумечка школа каде во конкуренција од околу 40-50 луѓе, бил избран Ацо Јовановски. Во овој период Јовановски го започнал своето тригодишно школување. Во последната година од глумачката школа бил ангажиран во првиот македонски филм Фросина. По земјотресот во 1963 година, Ацо Јовановски заминал во МНТ каде се задржал 13 години, каде станува еден од најдобрите македонски глумци. До заминувањето во пензија во 1995 година има одиграно околу 100 премиери во театарот и околу 40 премиери на филм.


За првпат Ацо Јовановски се појавува во филмот “Фросина” каде го игра главниот машки лик Климе, синот на Фросина. Во претставата “Долго патување во ноќта” , го игра Едмонд, во “Пепелашка” го игра главниот лик Принцот, Турчинот во “Манде”, но најважната улога за Ацо е Трепљов во атесата “Галеб” на Чехов.

Ацо Јовановски има добиено многу награди: за животно дело, за улоги и еден орден за труд. Тој е единствениот македонски глумец, кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата „Славица“.


Починал во Скопје на 18 март 2016 година.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …