НА 65 ГОДИНИ – Починал, Макси Џез, пејачот на легендарниот британски бенд Faithless


Макси Џез, пејачот на легендарната британска група Faithless, починал на 65-годишна возраст.
Неговите колеги од групата Faithless ја споделија тажната вест на официјалните профили на бендот на социјалните мрежи и открија дека тој починал во сон.

This image has an empty alt attribute; its file name is jazz-1.jpg
„Срцето ни е скршено да кажеме дека Макси Џез почина мирно во сон минатата ноќ. Тој беше човек кој ни ги промени животите на толку многу начини. Тој и даде на нашата музика вистинско значење и порака. Тој беше прекрасно човечко суштество со време за сите и мудрост што беше и длабока и достапна“, велат тие.


„Беше чест и секако вистинско задоволство да се работи со него. Тој беше брилијантен текстописец, диџеј, будист, прекрасно присуство на сцената, љубител на автомобили, бескраен говорник, убава личност, морален компас и генијалец. Почивај во мир најмил Макс“, додале подолу.
Тие потоа им се заблагодарија на фановите на групата „за сета љубов што ја покажаа низ годините“ и им рекоа да се грижат еден за друг „за Макс секогаш да зборува“.


Џез беше музичар, рапер, кантавтор и диџеј, а најпознат ангажман му беше токму улогата на пејачот на британската електронска група Faithless. Тој беше дел од бендот од 1995 до 2011 и 2015 година.
Групата Faithless е основана во 1995 година и е најпозната по нивната хит песна „Insomnia“. Тие беа насловно име на некои од најголемите светски фестивали, вклучувајќи го и Гластонбери.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ПРЕД СПЕКТАКУЛАРНИОТ КОНЦЕРТ ВО ОХРИД Јелена Розга сосема искрено коментирала за нејзината врска со Иван Хуљиќ: „Љубовта е одлична!“

Во април оваа година, Јелена Розга ја потврди својата врска со Иван Хуљиќ, а сега …