На 2 март во НОБ ќе се изведе популарната комична опера во два чина „Севилскиот бербер“

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет ќе се изведе популарната комична опера во два чина „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта.

Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценограф е Марија Ветероска, костимографијата е на Марија Пупучевска, хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.


Изведувачката екипа ја сочинуваат: во улогата на Фигаро ќе настапи Васко Здравков, во улогата на Розина, Биљана Јосифов, во улогата на Гроф Алмавива ќе настапи гостинот од Италија, Роберто Јачини Вергилиј, Дон Базилио: Владимир Саздовски, Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Соња Пендовска Мадевска, Фиорело: Драган Ампов, Амброзио: Марко Димовски, Камениот човек: Борко Биџовски, чембало: Елена Сиљаноска во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …