„Перо Ловшин – Ти можеш“ – Проекција на долгометражниот музички-документарен филм за еден од првите панк рокери во Источна Европа и фронтмен на „Панкрти“

Во Кинотека на Македонија, на 22 и 23 февруари со почеток во 20:00 часот ќе може да го погледнете долгометражниот музички-документарен филм „Перо Ловшин – Ти можеш“.

Долгометражниот музички-документарен филм ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Перо Ловшин. Тој, како фронтмен на Панкрти, со текстовите и активизмот одбележал цел еден период од историјата на Словенија. Во режија на Јани Север, филмот го опфаќа периодот на анархизмот и бунтовноста на 1970-тите години, независноста на Словенија, демонстрациите во центарот на Љубљана, сè до учеството на UEFA Euro 2000 во Амстердам.


Панкрти, формирани во 1977, во мала населба во околината на Љубљана, се најверојатно првиот панк рок бенд во тогашниот источен блок, зад железната завеса. На самиот почеток свиреле преработки од етаблирани панк и рок групи како Sex Pistols, The Clash, New York Dolls. Биле дел од сега веќе легендарната компилација Novi Punk Val. Во 1980 го објавуваат нивниот прв долгосвиречки проект, винил албумот „Dolgcajt“. Препознаени по ангажираните социјално-политички текстови и коментари, Панкрти стануваат култен бенд на територијата на некогашна Југославија. Нивниот втор ЛП „Državni ljubimci“ доживеа одличен одѕив меѓу критиката и публиката и беше прогласен за југословенски албум на годината.

Во 1996, настапуваат како предгрупа на нивните идоли Секс Пистолс, во рамките на настапите низ Словенија. Застапени се и во фалениот рок документарец во продукција на Рајко Грлиќ – СРЕЌНО ДЕТЕ (Sretno dijete).


ПЕРО ЛОВШИН – ТИ МОЖЕШ
(Pero Lovšin – Ti lahko)
Документарен филм, Словенија
2018, 80 мин., колор, ДЦП
Режија: Јани Север (Jani Sever)
Сценарио: Стојан Пелко, Јани Север(Stojan Pelko, Jani Sever)
Улоги: Петер Ловшин, Биг Фут Мама, Присмојени професори блуза (Peter Lovsin, Big Foot Mama, Prismojeni Profesorji Bluesa)

Настанот е во организација на Словенечки центар. – Скопје, и Кинотека, а по повод Прешернов Ден.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …