Концерт на Летечки пекинезери во Лабораториум

Во петок, 23 февруари 2024 година во Едукативниот Културен Центар „Лабораториум“ со почеток во 21:00 часот, PMG JAZZ KLUB продолжува со својата серија концерти, а овојпат ќе може да уживате во музиката на ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ, без двоумење еден од водечките современи македонски џез бендови.

Свинг-џез квинтет формиран во Скопје, во 2004 година, Летечки пекинезери е бенд со огромен репертоар оригинални теми, a за создавање на репертоарот, најмногу се ангажирале основачите на бендот, Бојан Петков-Шамба (гитара) и Иво Солдатовиќ-Сол (кларинет). Останати членови на бендот се: Петар Христов, тенор-саксофон, Кирил Туфекчиевски, двоен бас и Славчо Коцев, тапани.
Пекинезери деновиве пробиваат нови правци на нивните музички интереси, па се чини ова е извонредна можност да се запознаеме со актуелните интереси на бендот.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …