МЗ:Пристигна најсовремената терапија за лекување пациенти со Ковид 19

Министерството за здравство информира дека денеска пристигна најсовремениот метод на терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија” со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”,  одобрена за употреба од Европската агенција за лекови (ЕМА).


Министерството за здравство по бројни преговори успеа да се приклучи кон Заеднички Договор за Рамковна спогодба на кој ексклузивно право имаат земјите-членки на Европската унија, за приоритетна достапност на моноклоналната „коктел терапија”. Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)” – Швајцарија, ја склучија 19 земји членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка. Во рамките на Проектот за итно справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид 19, реализиран од страна на Светска банка, обезбедени се средства за оваа набавка. Примената на методот на лекување за нашите пациенти, со оваа терапија во моментов не прави единствена земја на Западен Балкан за чии граѓани е достапен овој лек. Терапијата се набавува за потребите на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и ќе се аплицира кај не-хоспитализирани пациенти кои се лекуваат од Ковид 19. Со ова се очекува да се намали потребата од хоспитализација на пациенти.
Казиривимаб и Имдевимаб (порано познат како REGN-COV2 или REGEN-COV2) е коктел од две моноклонални антитела  и се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста од  „SARS-CoV-2,” вирусот што го предизвикува заболувањето со Ковид 19.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …