МЗ:Чесно е Димитров да каже дека на повеќето седници за ковид мерките тој не присуствуваше

Министерството за здравство е изненадено од непромислената изјава на вицепремиерот Никола Димитров, со која покажува значителна несериозност кон ковид пандемијата.

Вицепремиерот денеска на пресконференција истакна дека неговите позиции во Владата „во однос на колегите биле различни на многу теми, како и приодот и мерките против пандемијата”. Чесно е Димитров, да каже дека на многу седници на ГККШ или на Владата кога на дневен ред беа токму тие точки, тој не ни присуствуваше, туку на седниците го заменуваше државниот секретар. Кога седниците пак беа „удостоени” со присуството на вицепремиерот, тој во ниту еден момент не се спротивстави на препораките и на мислењата на стручната лекарска фела која до Владата препорачуваше и советуваше во кои насоки да се движат мерките за заштита од ширење на Ковид 19. Димитров, апсолутно го делеше мислењето со колегите.
Кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот е една од најголемите во модерното време, а тоа бара одговорно однесување и дејствување во сите сегменти на општеството. Од Ковид 19 сите трпиме последици, дури и државите кои имаат најорганизиран систем, затоа е важно како ќе реагира секој поединец и како ќе ја разбере својата улога во општетсвото. Оттука неразбирливи се причините поради кои Димитров истапува во јавноста со вакви ставови.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …