МЗ: Центарот за превенција и контрола на болести на САД (CDC) со нова студија која ја нагласува ефикасноста на вакцините против Ковид-19

Центарот за превенција и контрола на болести на САД (CDC) во петокот (10.09.2021г.) објави нова студија, која јасно ја нагласува ефикасноста на вакцините против Ковид-19 против сериозни болести или смрт. Оваа студија е спроведена во период од повеќе од три месеци, испитувајќи ги хоспитализациите и смртните случаи од вирусот Ковид-19 и заклучоците од истата покажуваат дека дури 10 пати е поголема веројатноста невакцинираните луѓе да бидат хоспитализирани, односно 11 пати е поголема веројатноста дека ќе имаат смртен исход од болеста. Според анализите во раното издание на студијата за состојбата со пандемијата, земајќи го во предвид четвртиот епидемиолошки бран и значајното проширување на новата делта варијанта во САД, хоспитализацијата и смртта од болеста доживуваат пад во текот на целиот период.
Центарот за превенција и контрола на болести на САД(CDC) во својот неделен извештај кој се однесува на морталитетот и морбидитетот укажува на стапките на инциденца, поврзани со ефективноста на вакцините. Инциденцата на инфекција со САРС-КоВ-2, хоспитализација и смрт е повисока кај невакцинираните отколку вакцинираните лица, и според Центарот за превенција и контрола на болести на САД(CDC) вакцинирањето штити од тешки заболувања од Ковид 19, вклучувајќи го и делта сојот на вирусот. Следењето на инциденцата на Ковид-19 според статусот на вакцинација може да обезбеди рани сигнали за потенцијални промени во ефективноста на вакцината, што може да се потврди преку цврсти контролирани студии.
Линк до студиите:
Вакцините се безбедни и штитат од неконтролирано ширење на вирусот Ковид-19. Сите вакцини штитат од тежок тек на болеста и смртен исход и тие се единствениот начин да се спречи оваа пандемија со која се бориме веќе долго време. Сите студии, анализи насекаде во светот покажуваат значајни придобивки во борбата вирусот. Само со масовна вакцинација ќе успееме да се извлечеме од вирусот Ковид-19 и да се вратиме во нормален и безбеден начин на живеење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на …