Музичкиот фестивал АНДЕРФЕСТ вечерва ќе понуди комплетно уживање

Скопје и оваа година е домаќин на музичкиот фестивал – АНДЕРФЕСТ. Прогресивниот, музички фестивал нуди комплетно уживање во поткровјето на Public Room, во Скопје. Влезот ќе биде бесплатен со претходна резервирана карта, редуциран број на публика најмногу до 30% и задолжителен сертификат за вакцинација.
Вечерва на сцената ќе настапат The Chicks или Девојките, алтернативната група Fiction oд Скопје, Милко, и Decoy – трибут на групата Paramore.
Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична и навистина има што да покаже.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …