Мултимедијална изложба „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“

Од 7 ноември 2023 година, па во следните два месеци во просториите на Europe House Skopje, сите заинтересирани посетители ќе може да ја погледнат мултимедијалната изложбата „Стаклена соба: Дигиталниот свет – стапица за вашите лични податоци“.

Изложбата се состои од илустрирани постери и видео анимации, осмислени и подготвени од Тактикал Тек (Tactical Tech), меѓународна невладина организација со седиште во Берлин, коишто сликовито доловуваат какви сѐ типови податоци оставаме зад нас додека секојдневно користиме интернет.


Посетителите на изложбата ќе можат да дознаат зошто нашите телефонските броеви не се само наши, колку чинат „бесплатните“ апликации, како нѐ профилираат, што сѐ може да дознаат за нас преку секојдневните навики на користење и како функционира индустријата за податоци.

Изложбата ја организираат Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …