???

‘Move It’ – Нов сингл на Brass Brothers

Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните живи настапи ви го претставува новиот сингл насловен како ‘Move It’ од нивниот прв албум  ‘Balkan Mayhem’. Оваа нумера е создадена за време на пандемијата како одговор на сите стеги и забрани со кои се соочуваше човештвото.

Денес, кога конечно слободно излегува пред публиката, нумерата ‘Move It’ има за цел да ни го продолжи летото и да ни помогне да акумулираме позитивна енергија која ни е потребна за да ги живееме овие луди времиња со насмевка на лицето.


‘Move It’ е достапна за слободно преслушување на сите дигитални платформи и може да се купи од сите дигитални музички продавници.

Brass Brothers е македонски музички бенд формиран пред 10 години, составен од професионални и талентирани музичари: Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Јован Мартиновски (Dj) и Ник де Карло (туба). Оваа група е препознатлива по своите експлозивни и динамични живи настапи, кои ја освојуваат публиката и ја прават незаменлив дел од перформансот.


Brass Brothers донесе уникатна автентична енергија на македонската музичка сцена, пред се поради специфичната комбинација од брас секција и динамичен звук. Зад себе ги имаат авторските нумери како “Време Невреме” на македонски јазик, како и петте музички нумери “Balkan Mayhem”, “Winner”, “The Spark”, “Inseparable” и “Take My Hand” од првиот албум на англиски јазик “Balkan Mayhem” како и нумерата “We Are Energy” од вториот албум “We Are Energy”.

Албумот “Balkan Mayhem” претставува извонредно креативен спој на македонската и балканската музичка традиција и свежи звуци и модерни елементи. Со овој енергичен албум, Brass Brothers создадоа уникатен звук и испратија моќна порака до својата публика од целиот свет. Со вториот албум “We Are Energy”, Brass Brothers  ќе продолжат да го развиваат својот уникатен стил но ќе донесат и многу нови експериментални креации кои несомнено ќе ја освежат домашната, но и светската музика сцена.


#BrassBrothers #MoveIt #BalkanMayhem #WeAreEnergy #Музика #ПозитивнаЕнергија

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …