МОРБИДНО – ПЕЈАЧКАТА ТРПЕЛА ЗЛОУПОТРЕБУВАЊЕ И ИЖИВУВАЊЕ: „Ми кажа дека сум оштетена роба, ме туркаше на креветот и СИЛУВАШЕ, а ќерка ми знаела за тоа!“

Поранешната „Спајсица“ Мел Би (46) и нејзината ќерка Феникс (22) ги споделија своите приказни како дел од кампањата за подигање на свеста за сексуалното насилство.
Имено, пејачката била малтретирана од нејзиниот поранешен сопруг Стивен Белафонте, а нејзината ќерка била сведок на некои од неговите најлоши напади.

This image has an empty alt attribute; its file name is mel-b-1.jpg
Мел Би истакнала дека чувствува дека без оглед на нејзиното богатство и слава, многумина не би поверувале дека тоа навистина и се случило. Таа ја споделила својата приказна откако видела вознемирувачко видео на социјалните мрежи на млада жена која обвинува врвен фудбалер за сексуална злоупотреба.
– Викендов ја слушнав трауматичната исповед на жена која наводно била силувана од маж на кој очигледно му верувала. Овие ситуации може да и се случат на секоја жена – иако во мојот случај ситуацијата беше поинаква. Десет години бев емоционално и физички малтретирана во бракот што конечно го напуштив во 2017. година – изјавила таа.
– Помеѓу мене и мојот поранешен се случија работи на кои до денес не се сеќавам целосно, бидејќи траумата по злоупотребата може да трае цел живот. Но, речиси пет години подоцна, сè уште се будам во раните часови со застрашувачки звуци и слики кои ми се провлекуваат низ главата – признала поранешната „Спајс Грл“, додавајќи дека разбира дека многу силувани и малтретирани жени во врска се чувствуваат немоќни.


This image has an empty alt attribute; its file name is mel-b-2.jpg
– Кога конечно излегов од брак, решив да ја ризикувам кариерата пишувајќи ја книгата „Брутално фер“ за моите искуства. Поранешниот ми рече дека никој никогаш нема да ми поверува, дека немам докази и дека бидејќи пиењето, дрогата и сексот се дел од нашата врска, ќе бидам „оштетена роба“ до крајот на мојот живот – открила таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …