Швајцарската драма „Сигурност“ викендов во кино „Милениум“

Швајцарската драма „Сигурност“ во режија на Кармен Штадлер утре и задутре сеод 15 часот се прикажува во киното „Милениум“ во Скопје.
Филмот имаше премиера на Блек најтс филм фестивал (Black Nights Film Festival) во Талин во 2019 година. Станува збор за разиграно, меланхолично ноктурно, кое е истовремено секојдневна приказна и бајка. Поетски и ексцентричен калеидоскоп во кој се рефлектираат копнежот, сигурноста и милозвучните звуци кои се движат низ целата зграда.

This image has an empty alt attribute; its file name is sigurnost_web.jpg
Канцелариската зграда која наскоро ќе биде урната има последна желба: да ѝ се случи љубовна приказна. Во таа приказна се вклучуваат најчудните ликови – осамениците на ноќната смена: мистериозната чуварка, која е воздржана и неспокојна поради нејзината работа, осамениот хигиеничар, Арап кој слуша радио вести од родниот град, збунетиот секретар кој копнее по семејство, откачениот готвач кој експериментира на својот последен рецепт и шефот кој го вежба својот завршен говор пред празни столчиња. Сите тие изгубиле нешто кое се надеваат дека повторно ќе го најдат во текот на ноќта. Шест ноќи се среќаваат и набљудуваат, се избегнуваат и се привлекуваат како магнети. А кога нештата ќе стивнат, зградата предизвикува прекин на струја.
Дистрибутер на филмот е КТ Филм и Медиа од Битола, а дистрибуцијата е поддржана од Swiss Films.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Прво издание на новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“ во организација на „Литература.мк“

Скопје во следниов период станува побогато со нова низа книжевни, музички, театарски и мултимедијални настани. …