Мистериозен добродетел ги платил долговите на поранешните соседи

Веста што потсетува дека и денес има добри дела доаѓа од Црна Гора, од Бар, каде мистериозен донатор ги избришал долговите на неговите поранешни сограѓани.
„Испратете ми го износот без името на должниците кои долго време се должни на вашата продавница со цел да ги подмириме тие долгови“, била пораката што ја добила мала продавница во Бар.
Како што објави локалниот портал Једро, анонимен донатор од наши простори, кој живее во странство, ги намирил сите заостанати долгови во мини маркетот „Кобра“, што изнесувале 500 евра, со плаќање на долговите на луѓето кои биле во тетратката на должници.
Подоцна било разјаснето дека анонимниот донатор сакал да ги израдува своите поранешни сограѓани од сите вери и нации за време на Рамазан.
Според последниот попис од 2011. година, околу 60. проценти од жителите на Бар се изјаснуваат како православни, околу 30. проценти се припадници на исламот, додека близу осум проценти се католици.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 21.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Денеска Овенот главно ќе се занимава со документација со акцент на довршување на …