Минатата година дебитираше, а оваа година Марија Спасовска повторно на „Макфест” (ВИДЕО)

Песната „Темперамент” со која настапи Марија Спасовска на крајот од нејзиниот настап доби громогласен аплауз во преполната сала во културниот дом „Ацо Шопов”.

Денеска беше и официјално објавен спотот на сите социјални мрежи и музички плаформи, кој и овојпат го изработи екипата на „Урбан Рекордс”, на чело со Гордан Божиновски.


„Мене ми е најважно тоа што на публиката и се допаѓа новата песна. Реакциите се одлични, коментарите исто така. Ќе бидам искрена и ќе кажам: Кога одбирав која песна да ја пријавам на „Макфест” песната „Темперамент” ми даде звук за хит и очекувам да биде слушана … Среќна сум што наиде веднаш на силен аплауз кај публиката во салата во Штип ” – изјави Спасовска.

Марија не запира тука, таа со својот тим веќе полека работат и на новиот проекот, а до тогаш ќе може да ја слушнете и видите на настапите ширум нашата земја.


 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …