„Пелистер низ објективот“ – работилница за фотографија со Љубомир Стефанов

Во сабота на 28 октомври 2023 година во Инфо Центарот на Националниот Парк Пелистер, со почеток од 11 часот, ќе се одржи работилница за фотографија насловена како „Пелистер низ објективот“ со познатиот фотограф Љубомир Стефанов, еден од режисерите и ко авторите на Медена Земја.

Дали ја сакате планинската фотографија?
Дали сакате да ги усовршите своите вештини за да ја доловите величествената убавина на врвовите и долините?
Или едноставно сакате да разменети искуства…Еве една златна можност што не треба да ја пропуштите!


Возбудени сме што ви нудиме шанса за БЕСПЛАТНА еднодневна работилница прилагодена за љубителите на фотографијата како вас. Нурнете длабоко во светот на планинската фотографија со нашиот проект, Are You Ready for Pelister?

Познатиот фотограф Љубомир Стефанов, еден од режисерите и ко авторите на Медена Земја, чии дела инспирираа многумина, ќе биде ваш ментор за тој ден. За оние кои не знаат, сакаме да споделиме дека Љубомир е личност кој својата професионална кариера ја има започнато работејќи повеќе години на Пелистер како фотограф, па оттука и нашата иницијатива тој да биде ментор на оваа средба. Шанса да зборуваме за нијансите, техниките и перспективите за да ја доловиме душата на планинината како никогаш досега, стои во објавата од организаторот на оваа работилница.


Бројот на места е ограничен, а предност ќе имаат битолските фотографи со минимум две години искуство.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …