Претставата „Дримкечер“ оваа сабота во МКЦ

Оваа сабота, 28 октомври 2023 година во киното Фросина во Младинскиот Културен Центар, со почеток од 20:00 часот, ќе може да ја погледнете претставата „Дримкечер“.

Во едно дистописко Скопје, четири улични музичари се справуваат со манипулативните ефекти на новата и непозната технологија врз нивните животи. Дримкечер ги покажува соништата на четири млади улични музичари, кои постојат во свет каде што се’ е ограничено, но во исто време, се’ е достапно и е на продажба.


Во оваа иднина (дали е навистина иднина?) каде креативноста и автентичноста се истрошени, светот бара нови методи за да ја задоволи ненаситноста и вечната глад на публиката. Па така, водени од идеологијата на конзумеризмот, соништата на поединецот се сведуваат на обична трансакција каде што мораш да продадеш еден сон за да оствариш друг.

Претставата е во режија на Виктор Бужаров и Натали Спасова според драмскиот текст напишан од Натали Спасова, а во неа играат Сара Климоска, Хари Михајловски, Тамара Ристоска и Стефан Петровски.


Претставата е делумно финансирана од Министерство за култура, а процесот на подготовка се одвива во Прага, со помош на D Theater и Culture Moves Europe. За потребите на оваа претстава се користи зелен транспорт и се изработени музички инструменти од отпад со цел да се намали конзумеризмот од ирскиот музичар Деклан Гакиен, кој исто така е и композитор на музиката за претставата. Графичкиот дизајн за потребите на претставата е изработен од Стефан Петровски.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …