Финскиот метал бенд AMORPHIS на 2ри ноември во МКЦ

Култниот фински метал бенд AMORPHIS на 2ри ноември пристигнува во Скопје во склоп на актуелната европска турнеја со која го промовира албумот „Halo“!

Како специјален гостин на Amorphis ќе настапи исландската метал-институција SÓLSTAFIR и модерните фински металци Lost Society како предгрупа.


Триесет и една година по нивното создавање, со безброј глобални турнеи зад себе и четиринаесет албуми во својот творечки опус, AMORPHIS докажуваат дека тие сѐ уште се музичкиот извор на вечната младост, извонреден бенд кој постојано го надградува својот израз без да ги напушти мистичните корени.

Со Halo тие испорачаа извонредно студиско издание со кое го зацврстуваат својот статус на пионери на сцената како еден од најоригиналните, културолошки најрелевантните и најнаградувани бендови што некогаш се појавиле од земјата со илјада езера.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …