„Мезанин“ изложба и промоција на публикација на Иван Ивановски

Во сабота, 30 септември, со почеток во 14:00 часот во мобилната/монтажна галерија во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе може да ја погледнете изложбата „Мезанин“ од нашиот визуален уметник Иван Ивановски.

Иван Ивановски е визуелен уметник кој речиси две децении создава еден специфичен и препознатлив свет, простор на границата на физичката реализација и анимираната реалност. Тој е автор кој е подеднакво и фанатичен цртач, сликар и скулптор, но и искусен и талентиран аниматор, некој за кого во светот на плодната интеракција меѓу текстуалната предлошка и визуелниот свет кој се перцепција, толкува и креира, не постојат цврсти и непроменливи граници. Таа релација помеѓу зборот и сликата е секогаш двонасочна и едното произлегува од другото. Дали уметникот е парадигматичниот лик кој е очекуваниот носител на промената на прогледувањето, или е само романтичен поглед на само уште еден од редицата изолирани поединци кои се заглавени во сопствениот идиосинкратичен израз, лишен од вистински целисходна комуникација, и борба за ослободување. Во меѓупросторот, некаде на мезанинот, додека чувствуваме треперењето на битовите и пикселите, сѐуште го бараме одговорот.


Иван Ивановски, Роден во Скопје, Македонија, 1983. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 2008., отсек скулптура, во класата на проф. Беди Ибрахим. 2013 Студира филмска режија на Академскиот програм на Факултетот за ТВ и филмскa уметност (FAMU), во Прага, 2021 – / Студира Културолошки студии на „Институт за македонска литература“ при универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, Скопје. Изработува скулптури, цртежи, инсталации, слики, видео… Има реализирано преку 20 индивидуални изложби. Неговите анимирани филмови се претставени на различни регионални и интернационални филмски фестивали.Од 2006 – 2022 се има претставено на шест индивидуални и дваесетина групни изложби на скулптура, цртеж, слика, мултимедија и инсталација. Од 2007 година создава експериментални видеа и кратки анимирани филмови со употреба на техниката на стоп анимација. Неговите филмови се презентирани на бројни интернационални филмски фестивали во Македонија, Грција, Србија, Холандија, Малта, Турција, Словенија, Босна и Херцеговина, Африка, Италија, САД…

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …