МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ДОАЃА ЦИКЛОН ОД МЕДИТЕРАНОТ – Од денес попладне до петок на повеќе места низ Македонија врнежи и грмежи, се очекува локално невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Од денес попладне до петок, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот. Токму ова ќе услови поголемо дестабилизирање на Атмосферата, па така на повеќе места низ Македонија во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


Оваа циклонска активност ќе предизвика локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, препорачуваме крајна внимателност, односно граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

За време на оваа циклонска активност локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).


И во Скопје и околината од утре попладне, до петок ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

Температурите во четврток и во петок позначително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Пониски температури ќе имаме и за време на викендот, но нестабилноста ќе се намали, а утрата ќе бидат значително посвежи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 20.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои одличен почеток на работа. Соработниците би можеле да ви …