МЕЃУНАРОДЕН СТРИП КОНКУРС „СТРИПОТ И ИСТОРИЈАТА”

Стрип центар на Македонија – Велес е дел од проектот „CAN for BALKANS – Comics Alliance Networking for Balkans којшто се одвива во текот на 01.03.2021 – 31.03.2023 година .Истиот е финансиран преку програмата „Креативна Европа” од Европската Извршна Агенција за образование и култура (EACEA) – Брисел, како дел од повикот Консолидација на културната соработка и конкурентноста на културните и креативните Индустрии во Западен Балкан (EACEA 39/2019).

Освен македонскиот стрип центар .партнери во овој проект се :Белгиски стрип центар Брисел- Белгија, Национален историски музеј (НХМ) –Тирана -Албанија , Здружение на љубители на стрипот и пишаниот збор „Никола Митровиќ Кокан” – Лесковац- Србија ,Стрип Центар на Македонија –Велес и Историски музеј на округот Брашов, Романија


Услови за учество

Стриповите треба да ја опфаќа горенаведената тема, со опфат на секој историски период, од праисториско време и антика до современ период. Како лица во приказната можат да се изберат познати историски ликови или анонимни лица.Стриповите може да се фокусираат на херојски чинови, како и на традиции културни, економски, спортски или општествени настани. Накусо сè што спага под историски стрип и се фокусира на балканската историја а авторите се охрабруваат да пристапат на оваа тема обидувајќи се да се фокусираат на она што го спојува балканскиот свет, а не на она што го дели.


This image has an empty alt attribute; its file name is open-call-CAN-for-BALKANS-02.png

Мегународниот стрип „CAN for BALKANS – Comics Alliance Networking for Balkans” е отворен за уметници насекаде било во светот. Апликантите треба да имаат најмалку 18 години.


Секој апликант може да поднесе најмногу два стрипови.Делата треба да бидат во формат А3 табла, минимална резолуција: 300 dpi за да се овозможи печатење на А2 формат.

Стриповите се поднесуваат преку наменскиот дел на веб-страница: https://www.canforbalkans.eu/ најдоцна до 17 јули 2022

Апликацијата го содржи стрип делото (скенирана копија со мин. 300 dpi резолуција) и формуларот пополнет со дополнителни информации

Делата треба бидат на англиски или на еден од јазиците на партнерите во проектот (албански, француски, македонски, романски, српски) и да ја следат темата на повикот.

Придобивки за уметниците

Доколку е избран, уметникот има можност за :

– објавување на трудот во онлајн платформата на проектот

– објавување на трудот во проектниот каталог на англиски јазик;

– изложување на делото на меѓународни изложби ,организирани во периодот помегу октомври 2022 година – март 2023 година: Романија (Меѓународен историски стрип фестивал Брашов), Албанија (национален музеј на Албанија – Тирана), Белгија (Музеј на стрип уметност – Брисел), Србија (училиште на Стрип – Лесковац), Република Македонија (Стрип центар на Македонија – Велес) како и можност за присуство на овие изложби

Предвидени награди:Гран при : 1000 евра – бруто износ, Прва награда: 800 евра – бруто износ Втора награда: 500 евра – бруто износ Трета награда: 300 евра – бруто износ На петмина стрип автори (по еден од секоја земја-партнер) ќе им бидат врачени спомен награди во вредност од 200 евра – бруто износ по секоја награда.Овде се мисли на оние уметници-учесници кој не добил никаква горенаведена награда, но освоил највисок резултат меѓу уметниците од таа соодветна земја .

Се охрабуваат сите заинтересирани да го посетат наменскиот стрип сајт https://www.canforbalkans.eu/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Спектакуларната музичка драма „Валкира“ од Рихард Вагнер во изведба на Софиската опера и балет вечерва во НОБ

Во рамките на 52-то издание на „Мајските оперски вечери“, вечерва со почеток во 18:00 часот …