Џон Траволта и неговиот син Бен го проширија своето семејство. 68-годишниот актер и неговиот 11-годишен син го посвоија Mac&Cheese, преслатко кученце кое се појави на Оскарите.
View this post on Instagram
Кутрето го претстави Џејми Ли Кертис додека и оддаваше почит на покојната Бети Вајт.
„Таа не беше само златна девојка. Таа беше легенда која ја разубавуваше секоја соба во која влегуваше и измамуваше насмевка на лицата на сите што ја гледаа на екранот. А, покрај тоа, таа беше жена која се грижеше за вакви животни. најголемиот подарок што можете да и го дадете на Бети Вајт е да го отворите своето срце и да посвоите куче како Mac&Cheese“, рекла таа.
Нејзините зборови очигледно влијаеле на Траволта, кој решил да го посвои кученцето, за што Ли Кертис подоцна му се заблагодарила на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Ова е совршена почит за Бети Вајт и сите оние кои ги спасуваат животните и им обезбедуваат засолниште од бурите на животот и им обезбедуваат топол дом полн со љубов“, заклучила таа.
Фото: Принтскрин/Instagram