Деталната анкета спроведена од The Car Expert во Велика Британија покажала кои земји ги произведуваат најдобрите автомобили. На листата има неколку изненадувања, а тешко е да се погоди кој го освоил првото место.
Ова истражување се заснова на впечатоците на автомобилските новинари од Обединетото Кралство и нивните оценки за преку 340. модели достапни на пазарот.
За да бидат фер резултатите, автомобилите од масовно производство требало да имаат минимум 10. објавени текстови за нив, додека моделите со ограничена серија треба да имаат минимум 6. текстови. Затоа, брендовите како Bugatti, Koenigsegg, Morgan или Caterham не биле вклучени во оваа студија поради недоволно податоци. Информациите од 30-те најголеми автомобилски медиуми во Велика Британија биле искористени за да се добие конечната оценка на Индексот за рејтинг на експерти, а резултатите се претставени во проценти.
Победник е Чешка, која забележала импресивен резултат од 76,4%, пред се благодарение на Skoda. На второ место е Шведска (74,1%), додека автомобилскиот гигант Германија (73,5%) е на трето место на оваа листа. И покрај успехот на премиум брендовите како што се Porsche (82%), BMW (73%) и Audi (73%), врз резултатот на Германија влијаеле некои од пониско рангираните брендови.
Smart имал силно влијание врз малку полошата оценка на Германија бидејќи добил најниска оцена од сите брендови во истражувањето од 43%, далеку под претпоследната Subaru (51%).
Што се однесува до најзначајните земји во автомобилската индустрија, Велика Британија го зазеде 5-то место, САД е на шестото, додека Франција не е ни во топ 10, бидејќи е на 11-то место.
Список на земји кои произведуваат најдобри автомобили според истражувањето на The Car Expert:
1. Чешка – 76,4%
2. Шведска – 74,1%
3. Германија – 73,5%
4. Шпанија – 72,2%
5. Велика Британија – 71,5%
6. САД – 69,1%
7. Романија – 68,3%
8. Јужна Кореја – 67,6%
9. Италија – 67,5%
10. Јапонија – 66,8%
Фото: Skoda