(ВИДЕО) Погледнете неверојатни снимки од гига фабриката на Tesla во Берлин

По многу проблеми, американскиот производител на електрични автомобили конечно отвори фабрика во Германија која ќе произведува автомобили за потребите на европскиот пазар.
Поминаа само неколку дена од почетокот на производството, а објавено е спектакуларно видео кое од дрон ги прикажува производните процеси во гигафабриката.
Видеото започнува од паркингот пред погонот, а потоа дронот влегува во самата фабрика каде што ги прикажува процесите на заварување, бојадисување и монтажа. Дронот дури во еден момент влегува во автомобилот. Фабриката која се наоѓа во предградието на Берлин чинела 7. милијарди долари, а првичниот план бил да почне со работа минатата година. Но, проблемите со пандемијата, протестите на еколошките активисти, но и загрозувањето на локалното живеалиште на змии го забавија процесот за добивање дозвола, па оваа фабрика беше отворена дури на 22. март годинава.
За време на отворањето беше прикажано ова спектакуларно видео:


Според Index.hr, гигафабриката во околината на Берлин вработува околу 3.000 луѓе, а годишниот производствен капацитет е 500.000 автомобили. Tesla планира да го преземе првото место во продажбата на електрични автомобили на Volkswagen во Европа со производство во Германија. Германската компанија инвестира 2. милијарди евра во нова фабрика во близина на Волфсбург, но таа нема да биде отворена до 2026. година.


Извор: Index.hr
Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …