МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ГУБЕЊЕ НА ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ

 

Секоја година на 23 април, се одбележува овој ден со цел подигнување на свеста за превенција од губење на милениците.


Превентивни чекори кои се важни да се превземат:

  • Чувајте го вашето куче безбедно во вашиот дом. Вашиот двор мора да биде добро заграден и соодветно обезбеден.
  • Дресирање: Кучињата кои се обучени и научени на команди и послушност, остваруваат подобра комуникација со своите сопственици.
  • Микрочипот е важен, а особено е важно истиот да биде аплициран од најрана возраст заедно со вакцината против беснило и да биде внесен односно ажуриран во системот за домашни миленици.
  • Стерилизацијата и кастрацијата во голема мера исто така ја намалуваат веројатноста на вашето домашно милениче да залута во потрага по партнер. Дополнително, ги елиминира шансите за несакано потомство доколку вашето куче неочекувано залута.


Доколку вашиот миленик има микрочип случајот за изгубен миленик се пријавува во полициска станица како и во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА со испраќање меил на електронската адреса izgubenmilenik@lajka.com.mk. Меилот треба да содржи податоци за сопственикот, фотографии и информации за куче: број на микрочип и пасош.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …