(ФОТО) ИМАЛА САМО 3. МЕСЕЦИ КОГА БИЛА УСВОЕНА – 25. ГОДИНИ ПОДОЦНА ЖИВОТОТ И СЕ МЕНУВА ОД КОРЕН: Неверојатна приказна на близначките!

Едно патување во Лондон и го сврте животот наопаку. По 25 години откри дека има сестра близначка и ја запознала по прв пат
Анаис Бордиер (33) од Јужна Кореја имала само три месеци кога ја посвоиле нејзините родители од Париз. Нејзините документи велат дека нема браќа и сестри, но секогаш си замислувала дека има сестра.
Во 2012 година отишла во Лондон да студира моден дизајн и еден ден, сосема случајно, на Јутјуб открила дека има сестра близначка.
„Имав замислена пријателка по име Ана и таа секогаш беше со мене. На сите им зборував за неа, иако не знаев во тоа време дека навистина имам сестра”, рекла Анаис.


„Видов видео на YouTube во кое бев јас. Беше чудно затоа што не снимав видео. Бев сигурна дека е шега, освен ако не бев толку пијана, да не се сеќавам. Тоа беше најчудната работа, едноставно не можев да разберам. Нашата коса беше иста, имаше дури и пеги – што е навистина невообичаено за една азиска девојка. Но, таа зборуваше со американски акцент. Се обидов да останам смирена, но почувствував дека се случува нешто неверојатно”, раскажала Анаис.
Таа два месеци неуспешно се обидувала да ја пронајде девојката од видеото, а потоа во февруари 2013. година, нејзината пријателка Келсанг повторно ја видела девојката – во најава за еден филм.


„Рацете ми трепереа кога го ‘изгуглав’ нејзиното име и ја најдов Саманта Футерман. Тогаш го видов датумот на нејзиното раѓање – 19. ноември 1987. година, на тој ден и јас сум родена. И таа беше од Кореја. Глас во мојата глава ми рече дека е моја сестра близначка“, раскажува оваа жена.
Кога сè и кажала на својата мајка, тогаш и испратила и’ порака на Саманта на Фејсбук. Нестрпливо една недела чекала одговор. Во меѓувреме, во Лос Анџелес, Саманта се подготвувала за премиерата на филмот.
„Кога видов дека некој што изгледа исто како мене, ми испрати порака, најпрво помислив дека некој лудак дошол до моите слики. Потоа ја прочитав пораката и се шокирав”, открила Саманта.


Почнале да се допишуваат и по три месеци, решиле да се состанат. Саманта пристигнала во Лондон.
„Кога ја отворив вратата, почувствував дека ќе се онесвестам. Не можевме да престанеме да гледаме една во друга”, се сеќава Анаис.
Без разлика дали го поминуваат времето заедно или се разделени, секоја година го одбележуваат датумот на состанокот.
„Едвај чекам да остарам и на внуците да им ја кажам приказна за тоа како се запознавме. Едноставно, имаме толку многу на што заедно можеме да се радуваме”, заклучила Анаис, пишува The Sun.
https://www.thesun.co.uk/fabulous/14709662/long-lost-twins-reunite-youtube-video/

Фото: Принтскрин/Youtube/Anaïs Bordier

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …