Машински пресадено повеќегодишно дрво Платан од улицата Васко Карангелевски во Градскиот парк

Екипи на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило” денеска извршија пресадување на повеќегодишно дрво од типот Платан, од улицата Васко Карангелески во општина Аеродром на избрана локација во Градскиот парк. Пресадувањето беше извршено со специјалната машина за пресадување на дрвја, во сопственост на ЈП „Паркови и зеленило”.

Со пресадувањето на едно дрво од улицата од Васко Карангелевски во општина Аеродром се ослободува трасата и се овозможува продолжување на градежните активности за нејзиното проширување и изградба, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада. Претходниот проект со реконструкцијата предвидуваше сечење на дрворедот на потегот на целата улица, а со направените измени во проектот се зачувува зеленилото и дополнително ќе се посадат нови дрвја.This image has an empty alt attribute; its file name is Пресадување-Платан-улица-Васко-Карангелевски-4.jpg


Реализацијата на проектот за изградба и реконструкција на улицата Васко Карангелески е од големо значење за жителите на општина Аеродром, што обезбедува квалитетно сообраќајно решение со кое ќе се растерети сообраќајот во овој дел од градот, околу кој гравитираат голем број јавни објекти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …