(ФОТО) Поради екстремната суша, од Тигрис испливал град стар 3.400 години

ПО неколку месеци екстремни суши во Ирак, изгубениот град стар 3.400 години повторно се појавил и експертите го прогласиле за археолошко чудо.
Како една од земјите најтешко погодени од климатските промени, температурите во Ирак се искачиле до 45 ° C, не оставајќи им на жителите друг избор освен да црпат вода од резервоарот за наводнување во Мосул. Фотографиите ги прикажуваат неверојатните урнатини за кои се верува дека се дел од изгубениот град Закику, центарот на империјата Митани, кој се појавил по рекордната суша, пишува Newsweek.
Тим германски и курдски археолози побрзале да ги ископаат и документираат урнатините пред водата во акумулацијата повторно да ги поплави. Благодарение на нивната брза реакција, тие откриле повеќе од 100 антички глинени плочи, а некои се уште се во нивните глинени обвивки.


Еден истражувач откритието, а и фактот што остатоците преживеале под вода толку долго, го нарекол чудо. За кратко време, експертите мапирале обемен урбан комплекс кој датира од 1550. до 1350. година п.н.е. Покрај палатата, откриени се уште неколку големи градби – масивна тврдина со ѕидови и кули, катна магацинска зграда и индустриски комплекс.
Сите биле исклучително добро сочувани, и покрај тоа што биле под вода повеќе од 40 години откако палатата била поплавена кога била изградена браната Мосул во средината на 1980-тите. Акцијата ја воделе претседателот на Археолошката организација на Курдистан, Др. Хасан Ахмед Касим, д-р. Ивана Пуљиз од Универзитетот во Фрајбург и др, Питер Фајзер од Универзитетот во Тибинген.

Градот првпат беше откриен во 2010. година, откако нивото на водата во регионот паднал поради суша, а експертите го прогласиле за археолошко чудо, но дури во 2019. година можеле да почнат да копаат.
Истражувачите се надеваат дека новите откритија ќе дадат важни информации за крајот на градот од периодот Митани и почетокот на асирското владеење во регионот. Градот сега е повторно целосно под вода, бидејќи нивото на водата во акумулацијата повторно се зголеми.

Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …