Макпрогрес доо со добри практики од областа на безбедност и здравје при работа

По повод 28 април- Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика, заедно со  Националниот совет за безбедност и здравје при работа и со поддршка на Кацеларијата “Friedrich Ebert Stiftung” Скопје вчера организираа настан за одбележување на овој датум.

Под мотото “Заедно за безбедна и здрава работа во иднина” осврнувајќи се на значењето, улогата и неопходното унапредување на безбедноста и здравјето при работа, прилагодено и кон крупните промени кои се случуваат во однос на работата беа истакнати залагањата на компаниите во изминатата 2018 година.


Компанијата Макпрогрес доо Виница имаше висока оценка на објавената ранг листа во категорија на големи компании и доби благодарница за континуирани напори за подобрување и унапредување на безбедноста и здравјето при работа и креирање на здрава и безбедна средина за вработените.


“Ова е само дополнителен мотив да продолжиме со нашите заложби и спроведување на практични решенија кои ја поттикнуваат отворената комуникација на сите нивоа во компанијата како и за унапредување на условите на вработените кои се нашата најголема вредност”, велат од компанијата

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …