Македонскиот баритон Давор Неќак ќе се натпреварува на европскиот музички натпревар LEMC Tomas Kuti

Нашиот млад баритон Давор Неќак ќе се натпреварува на Европскиот Лајонс музички натпревар Томас Кути. Натпреварот ќе се оддржи во рамките на Лајонс Европа Форум 2022 во Загреб од 27 до 29 октомври.

Европскиот Лајонс натпревар Томас Кути традиционално се оддржува во рамките на Европскиот Лајонс форум со цел да се поддржат младите музички таленти од Европа. Се натпреваруваат кандидати до 26 години и секоја земја предлага еден претставник.


Оваа година младите музички таленти се натпреваруваат по дисциплината глас. Натпреварот ќе се реализира на Маузичката академија во Загреб и завршниот концерт ќе се реализира на затворањето на Европа форум. Жири комисијата е интернационална и се состои од истакнати професори.

Давор Неќак е роден е во Битола, а солист e на операта во Риека во Хрватска, Дипломира на Музичката академија во Загреб во класата на Влатка Оршаниќ. Дебитира во Загребската операво улогата на Моралес во Кармен.Има изведувано значајни улоги во продукција на Хрватсиот народен театар, Загребската филхармонија, Хрватско народно казалиште и Музичката академија во Загреб.


Добитник е на наградата „Ватрослав Лисински”, која ја доделува Хрватското друштво на композиторите за допринос кон хрватското музичко творештво, освојува 1-ва награда на меѓународниот натпревар во Словачка, Трнава – „Микулас Шнајдер Трнавски” и е номиниран е за Хрватската актерско-оперска награда во категоријата „исклучително оперско достигнување за млади уметници до 30 години”. Давор Неќак е добитник на посебна награда на натпреварот ЗИНКА МИЛАНОВ, доделена од Љубљанската опера.

Натпреварувањето на Давор Неќак е поддржано од македонскиот Лајонс Дистрикт 132 и Гувернерот Гоце Бурзевски . Национален координатор е виолинистката Пламенка Трајковска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …